0.4 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Илон Маск првата фабрика на Tesla на европско тло ќе ја гради во Берлин

Kabtel desktop

Извршниот директор на Teslа, Илон Маск, изјави дека првата негова фабрика на европско тло ќе биде изграден во Берлин, затоа што иноваторот планира големо ширење на глобално ниво. Маск потврди дека неговата компанија во германската престолнина исто така ќе изгради инженерски и дизајнерски центар.

Од Tesla претходно објавија дека планираат да почнат со производство во Европа до 2021 година, а на овој чекор се одлучиле поради се поголемата конкуренција на полето на електричните автомобили.

„Сите знаат дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е дел од причината зошто че ја лоцираме нашата фабрика во Европа баш во Германија“ изјави Маск при посетата на Германија.

Тој додаде дека фабриката ќе биде лоцирана во близина на новиот аеродром во Берлин, како и дека производството на батерии, погонски системи и возила ќе почне од моделот Y.

Изборот паднал на Германија откако во Европа порасна побарувачката за електрични автомобили. Во наредните неколку години најголемото производство на електрични автомобили ќе биде фокусирано на Германија, Франција, Шпанија и на Италија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •