1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Како да се заштитите од штетните ефекти на сината светлина oд телефоните?

Kabtel desktop

Заморни очи, претерана будност, замаглен вид, главоболки се само некои од симптомите кои ги чувствуваме кога подогло време гледаме во екран. Луѓето кои работат во канцеларија постојано гледаат во некаков вид на екран. Во текот на денот го користат и телефонот и компјутерот, а навечер со саати гледаат пак во таблетот или во телевизорот. Што можеме да направиме за да ги спречиме штетните последици на сината светлина од екраните?

Таканаречената високоенергетска, штетна виолетова светлина ни поминува низ очите речиси нефилтрирано и допира до мрежницата. Сината светлина која ја емитуваат нашите електронски уреди и изворите на ЛЕД светла може да се поврзе со безброј здравствени проблеми – може да предизвика проблеми со концентрацијата, замор и главоболка, а долгорочно може да го вознемири целиот наш биоритам. Поради тоа, битно е да се обрне внимание на тоа како ги користиме своите уреди и да преземеме мерки на претпазливост.

Додека мобилните телефоните, таблетите и телевизорите се користат со пократки или подолги паузи, во компјутерскиот монитор гледаме континуирано и тоа со часови. Затоа, битно е правилно да ја прилагодиме светлината и контрастот затоа што екранот кој е премногу темен може да биде исто толку напорен за очите како и премногу светлиот екран. Бесплатните аплиации за филтрирање се достапни и за компјутери и за лаптопи. Филтрите и премазите во овој случај не се добар избор затоа што честопати битно е да се видат оригиналните бои при работењето. Ако премногу време сте пред монитор, најдобро би било да користите очила со леќи за филтер за сина светлина.

Во случајот со телевизорите, најбитна е способноста дисплејот да произведува остра и квалитетна слика, но и колку сина светлина емитува. ОЛЕД панелите на LG, на пример, после ригорозни тестирања добија ознака „eye-friendly display” затоа што емитуваат помалку сина светлина во споредба со ЛЦД телевизорите. Истражувањата покажуваат дека 65-инчните панели на LG емитуваа 34% од сината светлина, што е значително под границата од 50% означена како безбедна за здравјето. За споредба, некои премиум ЛЦД екрани емитуваат дури 64% сина светлина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •