1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Копјутерски глушец кој ви ги грее рацете

Kabtel desktop

Кинеската компанија Ananko од Шенжен на Kickstarter стартуваше кампања за компјутерски глушец кој ви ги грее рацете во текот на зимата додека работите или играте видеоигра. Доколку го нарачате глушецот во претпродажба и уплатите 20 долари за поддршка на кампањата, ќе ви биде испорачан уште во декември годинава, па вашите раце навистина ќе се згреат добар дел од оваа зима.

Од Ananko велат дека во глушецот е вграден грејач кој работи со полимерска батерија која може да се полни, па ќе ве грее дури и кога не е поврзан со USB кабел на компјутер. Исто така, наведуваат дека во глушецот се наоѓа паметна технологија која овозможува автоматско вклучување на греењето кога температурата ќе падне под одредена вредност, односно автоматско исклучување коха ќе детектира дека температурата е повисока од таа кога е потребно греење.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •