Самсунг најавува прво во светот, револуционерно откритие за предвидување на несвестици со помош на Galaxy Watch

- Advertisement -

Заедничката студија со Универзитетската болница Чунг-Анг (“Chung-Ang”) ја потврди ефикасноста на Galaxy Watch за рано откривање на несвестици, отворајќи го патот за системи за предупредување во реално време

Самсунг (“Samsung”) денеска објави дека заедничката клиничка студија со болницата Гвангмјеонг (“Gwangmyeong Hospital”) при Универзитетот Чунг-Анг (“Chung-Ang”) во Кореја, успешно ја валидираше способноста за предвидување на вазовагална синкопа (VVS), односно краткотрајното губење на свест со висока прецизност, со користење на био-сигнали добиени од Galaxy Watch6.

Вазовагалната синкопа се јавува кога пулсот и крвниот притисок на едно лице нагло опаѓаат поради фактори како прекумерен стрес, доведувајќи до привремено губење на свеста. Иако самото паѓање во несвест обично не е опасно по живот, ненадејните падови можат да предизвикаат тешки секундарни повреди како скршеници или потрес на мозокот, па затоа раното предвидување на ваква состојба е важно за превенција.

- Advertisement -

„Приближно 30% од пациентите со синкопа страдаат од трауми при падови, додека во екстремни случаи, четири до девет проценти доживуваат тешки повреди како скршеници или церебрално крварење“, изјави професор Јунхван Чо (“Junhwan Cho”) од Одделот за кардиологија во болницата Гвангмјеонг при Универзитетот Чунг-Анг. „Раното предупредување од оваа технологија би можело да им даде на пациентите однапред време за да заземат безбедна позиција или да повикаат помош, што драматично би ја намалило појавата на секундарни повреди.“

Заедничкиот истражувачки тим, предводен од професорот Чо, спроведе евалуации на 132 пациенти со сомневање за симптоми на вазовагална синкопа за време на тестови за индуциранa несвестица. Користејќи Galaxy Watch опремен со сензор за фотоплетизмографија (photoplethysmography – PPG), тимот ги анализираше податоците за варијабилноста на срцевиот ритам (heart rate variability – HRV) од часовникот со помош на алгоритам за вештачка интелигенција. Моделот успешно ги предвиде претстојните епизоди на несвестица до пет минути однапред со 84,6% точност, при клинички значајна чувствителност од 90% и специфичност од 64%.

- Advertisement -

„Оваа студија е пример за тоа како технологијата за носење може да помогне во префрлањето на здравствената заштита од модел на ‘пост-третман’ кон модел на ‘превентивна грижа’“, изјави Јонгмин Чои, раководител на групата за истражување и развој (R&D) во сегментот здравје, при одделот за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) во “Samsung”. „Посветени сме на поттикнување на технолошките иновации кои им овозможуваат на нашите корисници да водат поздрави секојдневни животи.“

Наодите од истражувањето беа објавени во том 7, број 4 на водечкото медицинско списание „European Heart Journal – Digital Health“. Овие наоди ја претставуваат првата студија во светот која успешно го демонстрира потенцијалот на комерцијален паметен часовник да обезбеди рано предвидување на синкопа.

- Advertisement -

“Samsung” планира дополнително да ги унапреди можностите за следење на здравјето на своето портфолио уреди за носење и да ја прошири соработката со водечки медицински институции. Преку овие напори, компанијата има за цел да ја води индустријата за дигитално здравје и да ја забрза имплементацијата на персонализирани, превентивни здравствени решенија.

- Advertisement -