1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

На Марс постои мистериозен извор на кислород во атмосферата

Kabtel desktop

Кислородот во атмосферата на планетата Марс се менува на начин кој моментално не може да се објасни со познатите хемиски процеси. Така тврдат научниците кои работат на мисијата со роверот Curiosity, кои вршеле мерења на Марс со инструментот наречен SAM (Sample Analysis at Mars).

Тие откриле дека количината на кислород во марсовскиот воздух напролет и налето се зголемува за 30%. Образецот по кој се случува тоа останува мистерија, но научниците почнуваат да ги анализираат можните одговори.

Резултатите до кои дошле досега се базираат на шестгодишното истражување со помош на преносната лабораторија во роверот Curiosity. Научниците ги мереле сезонските промени во атмосферата директно над кратерот Gale на МАрс, каде што слетал роверот.

Кратерот Gale е долг 154 км и настанал со паѓање на метеор пред 3,5 до 3,8 милијарди години.Атмосферата на Марс е составена главно од јаглерод диоксид, со помали удели на другите гасови како молекуларен азот, аргон, молекуларен кислород и метан. Кога во топлите месеци ќе испари СО2, притисокот во воздухот повторно расте. Аргонот и кислородот се зголемуваат и паѓаат во зависност од тоа колку има CO2 во воздухот.

Сепак, кога го анализирале нивото на кислород во воздухот во кратерот, резултатите биле мистериозни. Нивото на кислород во текот на пролетта и летото пораснал повеќе отколку што се очекувало, а во текот на зимата се спуштало на ниво пониско од очекуваното. И кислоророт и метанот може да станат биолошки како микробите, но научниците допрва треба да откријат кој од тие процеси создава вишок елементи во атмосферата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •