2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Google Maps воведува изговор на имињата на местата и адресите

Kabtel desktop

Google се обидува да ја олесни комуникацијата со локалното население воведувајќи во апликацијата опција за превод и аудиопомош која вклучува изговор на имињата на местата. На пример, ако патувате во Јапонија и сакате да ги прашате локалните жители за некое место, но не знаете да го изговорите на јапонски.

Со помош на новата опција, која ќе стартува во текот на овој месец, ќе може да се избере иконата на звучник крај местото или адресата и апликацијата ќе го изговори тоа име наместо вас. Таа апликација за навигација ќе знае и на кој јазик треба да го изговори името. Google најавува дека оваа опција за Android и iOS ќе биде достапна на 50 јазици.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •