5.1 C
Skopje
среда, декември 11, 2019

Научници направија премаз за веце школка кој не дозволува да се лепат нечистотиите!

Kabtel desktop

Покрај навистина револуционерните иновации за кои пишуваме секојдневно, еве една која можеби нема да предизвика револуција во начинот на кој живееме, но секако ќе ни го олесни секојдневието, особено на домаќинките. Научници пронајдоа решение со помош на кое засекогаш ќе се ослободите од четката за чистење на веце школката.

Имено, научници од Државниот универзитет на Пенсилванија направија премаз во облик на спреј кој е многу лизгав, а при тестирањето се покажало дека го намалува лепењето на изметот за до 90%. Значи, потребно е многу помалку вода за чистење на веце школката и на тој начин ќе им помогне на домаќинствата да заштедат барем на сметките за вода.

Научникот Так-Синг Вонг уште во 2015 година го контактирале научници од Универзитетот Кренфилд и од него побарале да им помогне со развојот на нивната веце школка наменета за земјите во развој, каде што многу често има недостиг на вода.

Во наредните неколку години тој и неговиот тим развиле премаз кој го нарекле Less. Less се состои од два дела. Базниот дел се врзува за површината на веце школката и има т.н. нановлакна милијарди пати потенки од човечката коса. На базниот дел се додава фин слој силиконско масло. За нанесување на овој премаз не се потребни повеќе од 5 минути.

Тестирањата покажале дека овој премаз е одличен во спречување на насобирањето на бактериите во веце школката. Премазот ќе треба да се нанесува на секои 50 испирања со вода.

За испирање на веце школката дневно во светот се користат 141 милијарди литри вода, односно шест пати повеќе отколку што изнесува дневната потрошувачка на вода за пиење во Африка. Ако се одземат 90% од таа вода, благодарение на овој премаз ќе се заштеди многу вода секој ден.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •