0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Tip of the Week: Колегијалност

Kabtel desktop

Во денешно време, потребно е да се има проферсионалност во извршувањето на работните задачи и односот со колегите. Но за успешна  реализација на целите и предизвиците во работната средина  недостасува уште една силна карактеристика.

Да бидете во средина во која сте задоволни од колегијалноста во компанијата е прав луксуз. Тој „луксуз” истражувањата покажале дека ја зголемува продуктивноста, ги прави посреќни и поведри соработниците и едноставно е еден чекор понапред од грубата професионалност. 

Колегијалноста како и многу други работи се гради помеѓу соработниците, бидејќи сите имаат заедничка цел во работењето и сакаат среќни да доаѓаат на работа. Никој не би сакал да помине осум часа работно време со луѓе кои се негативни, се мрштат, не одговараат на повик и надреден кој постојано ги критикува.

Јас би рекол дека колегијалноста како и љубовта е еден вид „хемија”, но за да дојдеме до таа „хемија” на работното место, можеме да придонесеме на неколку начини: 

  • Креирање на пријатна колегијална работна средина – ако некој од сорабтониците побара мала помош, бидете при рака и помогнете му, еден ден тоа пријатно ќе ви се врати. Не сме сите експрети во секоја област и секогаш има некој којшто знае повеќе. Помогнете и сослушајте, тимот е секогаш подобар од поединецот во решавање проблеми. 
  • Почит спрема соработниците – однесувајте се љубезно и со манири, охрабрувајте ги луѓето околу вас да го изразат своето мислење и не ги критикувајте за мали и неважни работи. Пофалете ги за успесите. Едноставно, однесувајте се со другите како што би сакале да се однесуваат со вас! 
  • Ширете позитивна енергија – поздравете се со колегите кога ќе дојдете на работа, посакајте им убав работен ден и насмејте се, вашата насмевка и позитивна енергија ќе им го разубави денот на другите околу вас. 
  • Почастете чоколадо – изненадете ги колегите, бидејќи не мора да има посебна причина за малку благо и серoтонин, а работната атмосферa тој ден ќе биде одлична.

Запомнете, промените почнуваат од нас самите!

Кристијан Балески  
Член на тимот 
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •