Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ги објави новите цени за горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ до идниот понеделник.
Според новиот ценовник, малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе останат непроменети и неделава. Тоа значи дека од ноќеска литар Еуросупер БС 95 и понатаму ќе се продава по 68,50, а Еуросупер БС 98 по 70,50 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар, па новата цена на Еуродизел ќе биде 61,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС исто така останува иста како минатата недела и ќе знесува 33,186 денари за килограм.