2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Од идната година на пругите во Данска ќе возат возови на батерии

Kabtel desktop

Данска од идната година на своите пруги ќе има возови на батерии. Возовите на батерии би требало да се најдат на пругите во Данска во 2020 година. Министерството за сообраќај постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зеланд и централен Јутланд да ги пуштат во промет пробните возови на две различни железнички линии.

Планирано е експериментот со новите возови да трае од 2020 година до почетокот на 2021 година. Данските власти веруваат дека возовите на батерии ќе бидат корисни и за климата и дека ќе помогнат и за решавање на проблемот со помалите железници.

„Се на се, има многу индиции дека возовите на батерии може да бидат битен дел од идниот железнички сообраќај во Данска“ велат од министерството. Возовите на батерии моментално се користат во тест-возења во Австрија, а се тестираат и во Германија.

Во Германија во септември минатата година беше пуштен во сообраќај првиот воз на водород, со што оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија се спротивставува на дизел возовите кои го загадуваат воздухот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •