0.4 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2020

Поради загревањето на океаните снемува кислород

Kabtel desktop

Иако за загадувањето на морињата и океаните се знае со децении, истражувачите велат дека климатските промени ја влошуваат ситуацијата кога е во прашање недостигот од кислород во водите. Во споредба со 60-тите години на минатиот век, кога е забележан недостиг на кислород на 45 локации, денес истиот проблем е воочен на дури 700 места.

Експертите велат дека оваа состојба особено им штети на рибите како туните, ајкулите и еден вид на сабјарка. Од претходно е познато и дека одредени хемикалии, како азотот и фосфорот од фармите и индустриските погони, влијаат на количината кислород во водата, шти се уште е примарен фактор, особено во деловите блиску до брегот.

Меѓутоа, последните години таа опасност се зголемува поради климатските промени. Со емитувањето поголема количина јаглерод диоксид се зголемува и ефектот на стаклена градина, па океаните апсорбираат и повеќе топлина. Таа топла морска вода содржи помалку кислород, истакнуваат научниците.

Во водите сиромашни со кислород подобро од рибите преживуваат микробите, медузите и сипите. Водата која содржи помалку кислород ним им одговара, но не им одговара на брзите риби како сабјарките или крупните риби како туната. Експертите истакнуваат и дека побрзите риби имаат поголеми енергетски потреби.

Балтичкото Море и Црното Море се најголеми затворени морски екосистеми со низок процент на кислород. Иако за тоа во Црното Море делумно се заслужни природни фактори, во Балтичкото Море главните причинители се ѓубривата и климатските промени.

Ако државите продолжат со ова темпо на емисија на стакленички гасови, светските океани до 2100 година ќе имаат 3%-4% помалку кислород отколку сега.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •