Ако одите на патување и ви треба интернет, еве што да не правите

- Advertisement -

Празниците може да се искористат за патување и одмор, а до сите патници ФБИ упати битно предупредување до кое би требало да се придржуваат сите ако сакаат да ги заштитат своите податоци. Секако, патувањето не може да помине бесприклучување на интернет и веројатно голем број патници уште при доаѓањето на аеродром ќе посакаат да се поврзат онлајн и да проверат што има ново на Facebook и Instagram, дали имат нови имејлови и сл.

Притоа, многумина на аеродром ќе се поврзат на јавен или или отворен W-iFi, а истото ќе го направат и во хотел, ресторан и на други места каде што постои можност за поврзување на мрежа. Сите експерти за безбедност предупредуваат дека ова е лоша идеја, а сега истото го порачуваат и од ФБИ.

- Advertisement -

Не дозволувајте телефонот, компјутерот, таблетот или другите уреди автоматски да се побрзуваат на бесплатни безжични мрежи додека сте далеку од дома. Тоа е повик до хакерите да велат во вашите уреди. Додаваат дека ако еднаш се приклучите на телефон или компјутер, хакерите можат на нив да постават злонамерен софтвер, да украдат лозинки и ПИН-ови или дури да преземат контрола над камерата бе знаење на корисниците.

Но, бидејќи денес без интернет не е возможноо да се живее, односно ако корисниците мора да користат отворени Wi-Fi мрежи, од ФБИ советуваат во тој случај да не користат такви мрежи за осетливи операции како проверка на сметки во банка. Имено, хакерите кои имаат пристап до такви мрежи можат да дојдат до вашето корисничко име и лозинката за многу услуги до кои пристапувате и потоа да ги искористат за крадење податоци или уцена, да ги продадат на црната мрежа итн.

- Advertisement -

Од ФБИ препорачуваат користење на мобилен интернет од вашите телефони. Значи, на мобилните уреди создавате пристапна точка и од таблет или компјутер се поврзувате на мобилен интернет и така сурфате. Притоа, секако, водете сметка за цените и дополнителните опции кои ви се на разполагање за мобилен интернет во земјата каде што сте отпатувале.

Уште еден интересен совет се однесува на тие што ќе останат дома, но ќе им дојдат пријатели, роднини или на пример, ќе угостат некој странец. За нив пожелно е да се направи одвоена Wi-Fi мрежа. Имено, во случај луѓето кои ја користат вашата мрежа да имаат несигурен уред кој навистина лесно може да се пробие, хакерите би моеле да дојдат до вашите осетливи податоци. Затоа, за гостите е најдобро да отворите посебна мрежа со посебна шифра.

Сподели!
- Advertisement -