Астрономите открија нов вид експлозии на површината на Сонцето

- Advertisement -

Астрономите забележаа нов вид експлозии на површината на Сонцето. Поточно, тие забележале магнетна експлозија каква што не виделе никогаш порано. Иако теоријата за ваквите експлозии ја развија пред 15 години, дури сега успеаја директно да набљудуваат таква експлозија од Опсерваторијата на НАСА за соларна динамика.

Имено, она на што посведочија астрономите е резултат на ерупција на површината на Сонцето која еруптивниот материјал го исфрла во короната односно горната атмосфера. Овој проминентен материјал е познат како проминенција. Материјалот потоа се враќа назад кон Сонцето, но се судира со линиите на магнетното поле и така доаѓа до невидена магнетна експлозија.

- Advertisement -

Разбирањето на овој феномен може да им помогне на научниците да дознаат многу повеќе за Сончевата атмосфера, како и да во предвидат времето во вселената. Тој феномен го нарекоа присилна врска.

За потсетување, научниците со години се обидуваа да сфатат зошто Сончевата корона е милиони степени потопла од самото Сонце. Токму тоа го истражува соларната сонда Parker на НАСа, која изминатите денови кружи околу Сонцето.

Сподели!
- Advertisement -