-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Овошјето од иднината ќе биде 3Д печатено и преполно со витамини и минерали

Kabtel desktop


Како што драстично се намалува популацијата на пчели на Земјата, се зголемува ризикот дека во иднина ќе се намали родот кај растенијата на нашата планета. Нова генерација иноватори од типот на Мејдан Леви работат на алтернативи за храната која ќе се користи во случај на најлошото можно сценарио.

Леви ги дизајнираше Neo Fruits, колекција вештачки овошја направени со 3Д печатена целулоза и преполни со здрава мешавина од витамини и минерали. Според Леви, инспирацијата за дизајнот на вештачкото овошје ја добил по истражувањето на новите остварливи начини да се нахрани популацијата на Земјата.

Идејата била да се направи привлечна алтернатива која ќе има двојна улога – да се создаде производствен сектор за еколошка храна и да се подобри прехраната кај луѓето.

За да го релизира овој кулинарски проект Леви најпрвин работел со неколку нутриционисти за да се создаде мешавина од витамини и минерали за секое овошје. Комбинациите кои тие ги создале имаат за цел целосно да ги задоволат потребите за хранливи состојки на телото.

Кога го утврдиле хранливите вредности на овошјето, следниот чекор бил создавање на самото овошје со помош на иновативни технологии за 3Д печатење. Надворешната школка на овошјето е испечатена од провидна целулоза. Целулозата е испечатена во рамна, компресирана форма, а кога преку вградените артерии ќе се додадат течностите богати со хранливи состојки, се добива формата на сочно овошје.

Леви објаснува дека процесот е доста одржлив затоа што кога сувото овошје е сплескано и рамно, тоа е лесно, што значи дека има дoлг век на полиците и лесно се транспортитра.

Моментално во колекцијата Neo Fruit има пет видови овошје. Секое од нив има посебен вкус во зависност од содржината. За да ги создаде уникатните вкусови Леви работек си беколку шефови кои се специјализирани за молекуларно готвење за да се создадат тесктурите, боите и вкусовите на овошјето.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!