7.4 C
Skopje
недела, февруари 23, 2020

Апликацијата akcii.mk ги прикажува сите производи на акција од сите трговци на едно место!

Kabtel desktop

Прелистувањето хартиени флаери за да се најдат продукти кои се на акција во продавнците може да замине во историјата. Македонската апликација akcii.mk на компанијата Different, која веќе неколку месеци е достапна на македонскиот пазар, ги нуди сите информации кои им требаат на потрошувачите за производи на попуст и акции кои ги има во широка трговска мрежа на маркети, дрогерии и продавници за техничка опрема низ земјава.

Целта на апликација, вели Елеонора Црвенска основач на компанијата е со пазарувањето да се заштедат пари и време на тој начин што потрошувачот ќе го поедностави пронаоѓањето на продуктот што му треба, но по намалена цена. Апликацијата е лесна за инсталирање и за употреба и прилагодена за сите генерации потрошувачи.

Објаснете ни каков вид апликација е akcii.mk?

Аkcii.mk е онлајн апликација која ги содржи сите најнови флаери со продукти на акција од огромен број маркети, хипермаркети, продавници за електротехника и дрогерии од целата земја. Првичната идеја да се развие ваква апликација дојде од потребата да се пазарува ефикасно, брзо и евтино, а развојот на технологијата ни овозможува листата за пазарување од хартија да ја префрлиме во паметниот телефон. На akcii.mk во секое време можат да се најдат сите актуелни податоци за сите продукти кои во моментот се на попуст или на некој друг вид акција во трговската мрежа низ земјава. Тоа ја прави аплиикацијата едноставна и практична онлајн замена за купчињата листови кои секојдневно ни се собираат во поштенските сандачиња. Предноста е што информациите за продуктите кои се на акција ни се постојано достапни, а апликацијата ја ажурираа секоја промена што ќе ја објават трговците.

На кој начин ги добивате информациите за акциите, дали соработувате со трговците?

Се уште сме во процес на препознавање со компаниите, со дел од трговците имаме комуникација, но најголемиот дел од работата се базира на истражување на интернет, каде што и самите трговци ги поставуваат флаерите со продуктите на акција. Аkcii.mk ги презема новите информации и ги презентира сите заедно на едно место. Очекуваме, со развојот на соработката трговците самите да ни ги испраќаат нивните податоци кога им се следните акции, што ќе имаат на флаерите и готови слики и податоци, со цел да бидеме подготвени навреме да ги понудиме на нивните потрошувачи.

Како функционира akcii.mk?

Апликацијата акции.мк постои од март годинава, а од јуни излезе и на пазарот. Многу е едноставна за користење, корисниците на Андроид уреди може да ја симнат од Play store, а корисниците на IOS од следниот линк. Може да се користи и без креирање корисничко име и логирање, но препорачуваме да се креира корисничкиот профил, бидејќи на тој начин информациите постојано ќе им бидат достапни на потрошувачите. Саканиот продукт може да се пребарува по трговски објект, по категории производи или по производ. Таргет група на akcii.mk се и помлади и повозрасни граѓани, на кои им значи да заштедат додека пазаруваат, особено кога се работи за намирници. Заради тоа и оваа апликација е едноставно направена, за сите да можат лесно да ја ракуваат. Таа го заменува и списокот за шопинг, што традиционално го пишуваме на хартија. Со akcii.mk, едноставно може да се искористи опцијата Мој список во кој може да се додадат производите кои се на акција, а апликацијата нуди и опција да се додаде производ кој не е на акција, но ни треба да се најде на списокот на пазарење.

Што е иновативното во апликацијата? Зошто некој корисник би ја користел?

Трговците за да ги информираат своите купувачи за производите кои им се на акција користат флаери кои клиентот може само да ги листа, без да има можност да ги менаџира. Иновацијата на akcii.mk е во тоа што поедини продукти можат да се селектираат и да се стават во кошничка. Тоа значи дека во било кое време, кога купувачот ќе реши да оди на пазарување ќе знае кој производ му треба и каде да го бара. Целта на akcii.mk е да заштеди пари, но и време на барање производи по најповолни цени по трговските објекти. Апликацијата има можност и да се постави линк до сите продукти кои се достапни онлајн во трговските објекти, што ќе биде опција за трговците да се рекламираат на банери.

Дали апликацијата ќе остане само за македонскиот пазар или пак имате планови за проширување?

Идејата започна да се реализира локално во нашата земја и во моментов планираме да се прошириме и во нашата платформа да ги опфатиме сите трговци кои работат во земјава и кои нудат производи на акција. Во моментов се приклучени сите поголеми трговци, но ги повикуваме и помалите да не контактираат и да се приклучат на нашата платформа. Размислуваме да се прошириме и во земјите на Балканот, со тоа што за секоја земја ќе треба да биде оформена посебна апликација.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •