1.2 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2020

Шест психолошки трикови за љубителите на шопингот

Kabtel desktop

Еве како можете да си помогнете да не банкротирате за време на празниците. Празничната еуфорија речиси сигурно ќе ви ги испразни џебовите – купувате подароци за сите, прославите за Нова годна се доста скапи, украси за елка и други декорации, како и многу други често непотребни работи може да ви отворат дупка во жиро сметката. Ако видите дека тешко одолевате на шопингот, овој период од годината секако не ви оди во прилог. Во тој случај можете да испробате некој од овие начини за самоконтрола.

Почнете да ги претворате цените во саати работа

Да речеме, сте виделе некој зимски капут кој чини 3.000 денари. Не звучи толку лошо, нели? Постојат и многу други поскапи работи кои би можеле да ги купите. Но, пред да посегнете по паричникот размислете колку часа би ви биле потребни за да заработите 3.000 денари? Некому му требаат повеќе, некому помалку. Ако заработувате по 100 денари на час, тоа се 30 часа работа. Дали сте спремни да платите 30 часа од својот живот за тој капут?

Тест со странец

Малите слатки украси за Нова година како да ви зборуваат да ги купите, нели? За почеток, ододелјте на искушението, пресметајте ја вкупната цена и потоа замислете дека некој непознат човек стои пред вас и во едната рака држи украси, а во другата 2.000 денари. Што би зеле попрвин? Во најголем дел од случаите веројатно парите се попривлечни.

Метода 365

Тешко е да се одолее и на топлиот чај и кафето во ладните зимски денови? Но, уште еднаш размислете дами мора да ги купувате секој ден? Помножете ја цената на кафето со бројот на денови во годината и дури потоа одлучете дали навистина мора да го правите тоа секој ден. Секојдневните ситници кои ги купуваме без многу раз,ислување прилично му наштетуваат на буџетот на годишно ниво.

Претворете го „НЕ“ во „ДА“

Не е забавно постојано да велиме „НЕ“, па немојте така да размислувате. Наместо тоа, вашиот мозок нека почне да го гледа секое „НЕ“ како „ДА“. Станува збор само за промена на начинот на гледање на работите. На пример, наместо да се фокусирате на одбивање на поканите за вечера во ресторан, речете „ДА“ на други прилики. Тоа може да биде отплата на студентски кредит, одење на одмор од соништата или конечно инвестирање во пензија.

Визуелизирајте ги своите цели

Штедите за реновирање на куќата? Исечете од списанија инспиративни фотографии од убав ентериер и ставете ги на видно место или едноставно ставете ги како позадина на телефонот. Штедењето за некоја голема цел може да биде тешко, а визуелизацијата е паметен начин да останете мотивирани.

Водете евиденција за тоа што го трошите

На крајот на секоја седмица или на крајот на месецот одвојте време за следење на потрошувачката. Многу е корисно да се види каде ви „бегаат“ парите. Нема изговори, затоа што денес има многу апликации за управување со парите, а ако сакате старомодни начини, купете убав нотес и почнете да водите евиденција уште денес.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •