8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Huawei P40 ќе биде првиот телефон во светот со батерија направена од графен

Kabtel desktop

Батериите од графен се споменуваат со години, а треба да ни овозможат поголема издржливост, пократко полнење и практично, ќе го означат крајот на литиум-јонските батерии.

Знаеме дека Samsung е една од првите компании кои го тестираат графенот за да направат батерии, но тие се уште се немаат појавено во некој Samsung Galaxy уред. Сега се појавува можноста првиот телефон со графенска батерија да биде Huawei P40 серијата.

Се очекува дека серијата Huawei P40 ќе биде објавена во текот на првото тримесечје од 2020 година, односно на крајот на март во Париз. Извршниот директор на Huawei исто така навести и што можеме да очекуваме од линијата Huawei P40. Имено, телефоните ќе имаат некои надградби во споредба со P30 серијата, а една од нив може да биде и батеријата од графен.

На францускиот профил на Huawei на Twitter беше објавен твит во кој се вели дека серијата P40 ќе има графенски батерии и дека ќе се полни од 0 до 100% за само 45 минути. Останува да почекаме до март за да видиме дали ова навистина Huawei ќе го имплементира во новата премиум серија.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!