1.2 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2020

Овa се најдобрите фотографии од вселената направени во 2019 година

Kabtel desktop

Изминатата година имаше многу вселенски мисии кои ни овозможија да ја видиме Земјата во неверојатни изданија, но и да видиме други појави и планети во сончевиот систем. BBC ни ги претставува најдобрите од нив.

Имено, вселенското летало Juno на НАСА направи низа од одушевувачки фотографии од облаците на Јупитер уште кога стигна во орбитата на џиновската планета во 2016 година, но една од најдобрите фотографии од Јупитер беше направена на 29 мај годинава од облаците.

фото: Кевин Мекгил, НАСА

фото: Кевин Мекгил, НАСА

После прoбното истражување на Плутон во 2015 година леталото New Horizons на НАСА беше испратено во Кулперовиот појас надвор од орбитата на Нептун. Во тој појас има илјадници ледени тела кои ни покажуваат како изгледал нашиот Сончев систем на почеток.

фото: НАСА

Научници сместени на објектот MU 69, кој е откриен во 2014 година, подоцна наречен, Ultima Thule, а сега Arrokoth. Објектот се покажа како бинарен контакт. Долг е 39 километри и е составен од две различни летени топки кои се субираат при мала брзина.

фото: НАСА

Eta Carinae е систем од ѕвезди кој се наоѓа на оддалеченост од околу 7.500 светлосни години од нашата планета. Се состои од најмалку две ѕвезди кои заедно емитуваат околу 5 милиони пати повеќе енергија отколку нашето Сонце. Годинава е забележан момент кога една од ѕвездите исушта врл гас кој се проширува во неколку балони.

Роверот Curiosity на НАСА го истражува кратерот Gale на Марс уште од 2012 година. Годинава роботот направи селфи во текот на истражувањето.

фото: НАСА

Два примероци од карпи на оваа фотографија се исклучително голема количина глина, Инаку, глината се формира во присуство на вода. Претходните докази покажаа дека некогаш одамна имало вода во кратерот.

фото: CLEP

На почетокот на годинава, поточно 3 јануари кинеското вселенско летало Chang’e-4 успешно слета на темната страна од Месечината. Неколку дена по историското слетување роверот и неговиот лендер направија фотографии еден од друг.

фото: CLEP

Hubble вселенскиот телескоп годинава направи неверојатна фотографија од спиралната галаксија наречена NGC 772, која од Земјата е оддалечена 130 милиони светлосни години.

фото: НАСА

NGC 772 има многу работи заеднички со нашата галаксија Млечен пат. На пример, и Млечниот пат и NGC 772 имаат мали сателитски галаксии кои се во блиското опкружување на нивните матични галаксии.

фото: Planetary Society

Одлична фотографија на наштата планета годинава направи непрофитната организација The Planetary Society во рамките на својот проект Light Sail. Имено, Light Sail е соларно летало кое во вселената е лансирано со помош на ракетата Falcon Heavy на SpaceX.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •