Француската компанија FasTeesH ја редизајнираше својата електрична четка Y-Brush која сега целосно ги чисти забите за само 10 секунди. Оваа четка беше претставена на Consumer Electronics Showu во Лас Вегас.
Четката се состои од база, врат и флексибилен дел кој се полни со паста за заби и целосно се става во уста. Потоа четкичката се вклучува на копче кое е вградено во нејзината база. По пет секунди постапката се повторува со другиот дел од вилицата.
Y-Brush има три вибрациски модели и доаѓа со база за полнење. Целосно полна батерија би требало да трае еден месец.
FasTeesH ги продава своите четки по цена од 30 долари. Достапни се во две големини, за деца од 4 до 12 години и за возрасни лица.