15 C
Skopje
петок, мај 29, 2020

Луѓето кои доцнат наводно се поуспешни во животот

Kabtel desktop

Ако некои луѓе постојано доцнат не значи дека не ве почитуваат. Психолозите тврдат дека постојат три типа на луѓе. Првиот тип се поагресивни, самокритични, конкурентни и временски чувствителни. Додека оние кои припаѓаат на вториот тип обично доцнат, трпеливи се и имаат особини кои им помагаат да бидат поуспешни.

Имено, луѓето кои доцнат се смета дека се покреативни, не се плашат да ги прекршуваат правилата и да ги преминат утврдените граници. Тие ја гледаат пошироката слика и не се оптоваруваат со детали. Овие особини се карактеристични за претприемачи и лидери кои постогнуваат успех почесто од другите. Во текот на работата може да изгубат чувство за време, но кон работата пристапуваат внимателно и постигнуваат одлични резултати.

Истражувањата открија дека луѓето кои доцнат можат да бидат да бидат пооптимистични. Поради оваа особина се склони кон успех и не се откажуваат лесно. Психологот Мартин Селигман спроведе истражување кое покажа дека најоптимистичките продавачи продаваат 88% повеќе од оние кои се најпесимистички.

Ако вашиот пријател доцни, тоа веројатно не е затоа што тој е мрзелив. Постојат некои луѓе кои се обидуваат да направат се одеднаш, во што веројатно и ќе успеат.

Луѓето кои доцнат обично се поопуштени и имаат пониско ниво на анксиозност. Поради тоа можат полесно да се справат со стрес. Ако има итна ситуација, тие нама да паничат. Овој квалитет е особено важен во работата, затоа што помал стрес значи подобро сработена работа.

Тие се перфенционисти. Кога сакате се да биде совршено, тогаш доцните. Тоа значи дека работата не ја оставате на пола и се обидувате совршено да ја завршите. Не е ни чудо што луѓето со такви особини секогаш добиваат унапредување на работа.

Photo: Tetra Images/Getty Images

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •