17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

5G, вештачка интелигенција, 3Д печатени автомобили – што ќе ни донесе CES 2020?

Kabtel desktop

Најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, CES 2020, официјално ги отвори своите врати. Во текот на една недела многу големи и мали компании од целиот свет ќе ги претстават своите производи пред медиумите и посетителите.

CES веќе традиционално привлекува големо внимание, а годинава има уште неколку причини за тоа. На CES годинава се враќа Apple, кој неколку години избегнуваше учество на така скапи конференции. Големиот изложбен простор пред се е резервиран за изложување на последните генерации iPhone и iMac, но сигурно Apple ќе ја искористи приликата да претстави нешто ново.

Иако 5G не е новина на CES, изгледа дека годинава ќе дојде до вистинска 5G експлозија. Производителите на 5G паметни телефони ќе ги здружат силите со телеком операторите и ќе ја претстават 5G како иднината на комуникацијата која е зад аголот.

Иако за потрошувачите вештачката интелигенција е нешто од холивудските филмови и романите за научна фантастика, факт е дека ние наголемо во секојдневниот живот користиме вештачка интелигенција. Доволно е само да се погледне во нашите паметни телефони. Но, на CES ќе можеме да видиме и примена на вештачката интелигецнија во некои други области – од лична хигиена до ппаметни сијалици или тушеви.

Во Лас Вегас производителите на телевизори ќе претстават нови 8K телевизори, но можеби уште поинтересни ќе бидат MicroLED телевизорите, кои се многу слични на OLED телевизорите, но со подобар контраст и подобри бои.

Минатата година големи внимание привлече одлуката на управата на CES да го дисквалификува роботскиот вибратор затоа што станувало збор за сексуална играчка. По негативниот публицитет и протестите, управата на CES дозволи изложување и на сексуални играчки. Секако, тие мора да бидат иновативни и опремени со нови технологии, па ќе биде интересно да се види што ново може да му се претстави на светот.

На CES годинава можеби ќе не одушеват нови електрични камиони и 3Д печатени возиал. Во Лас Вегас се очекуваат и цела низа инвоативни возила како Segway S-Pod, кој изгледа како електрична инвалидска количка, а е наменет за превоз во градски услови.

И за крај, приватноста. Покрај толку многу паметни уреди, нашата приватност станува се помала. Затоа, на CES ќе се позанимаваат и со прашањето за приватноста. Нема да биде претставено некое револуционерно решение, туку ќе се поттикне поширока јавна расправа на тема приватност во која ќе учествуваат претставници на Facebook, Apple и на американската Федерална трговска комисија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •