ОН: Откога се мери, 2019 е втора најтопла година во историјата

- Advertisement -

Просечната глобална температура беше за 1,1 Целзиусов степен повисока во однос на просечната температура во втората половина на 19 век, објави агенцијата на Обединетите нации (ОН) со седиште во Женева.

Минатата година беше втората најтопла од индустриската револуција до денес, зад 2016 година, објави денес Светската метеоролошка организација (WMO), а пренесе „Индекс“.

- Advertisement -

Просечната глобална температура беше за 1,1 Целзиусов степен повисока во однос на просечната температура во втората половина на 19 век. Ако продолжат сегашните висини на испуштање на јаглерод диоксид, тргнуваме кон раст на температурите од три до пет степени до крајот на векот, предупреди во соопштението главниот секретар на WMO, Петери Талас.

Според Парискиот договор од 2015 година, државите ветија дека ќе го одржуваат растот на температурите под два степени во однос на прединдустриските висини. Договорот ја зацрта целта од 1,5 степени.

- Advertisement -

Освен што беше исклучително топла, 2019 година ќе се помни и по намалувањето на обемот на глечерите, рекордниот раст на нивоата на морињата и растот на температурите и киселоста на океаните, како и по екстремните временски прилики, наведува WMO.

– 2020 продолжи таму кадешто 2019 застана – со разорни временски неприлики и настани поврзани со климата – констатира Талас. Како пример ги истакна шумските пожари во Австралија кои следуваа по 2019 , најтоплата и најсушна година во историјата на тој континент.

Сподели!
- Advertisement -