19 C
Skopje
понеделник, септември 28, 2020

Кина го лансираше првиот широкопојасен сателит

TMF desktop 19.08.2020

Првиот кинески широкопојасен сателит со комуникациски капацитет од 10 гигабајти во секунда е испратен во вселената во четвртокот од центарот за лансирање Џиучуен, јави агенцијата Анадолија.

Сателитот, кој е изработен од вселенската компанија Galaxy Space, лансиран е со носач ракета KZ-1A. Овој вид на сателит во ниската орбита помага да се обезбеди стабилен и брз сигнал во пустините и океаните, како и во брзите возови и авионите до кои некогаш воопшто не допира телекомуникациски сигнал.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •