19 C
Skopje
понеделник, септември 28, 2020

Научниците откриваат: Колку време ни е потребно да се ослободиме од лошите навики?

TMF desktop 19.08.2020

Откако ќе се формираат некои навики тешко е да се прекине со нив затоа што забораваме како воопшто го правиме тоа што го правиме, туку сме робови на нашите несвесни навики.

Некои навики се позитивни и корисни, како одење во теретана, а други како пушење кутија цигари дневно или често нарачување пица се нагативни и штетни, пишува ScienceAlert.

Постојат и апликации кои би можеле да ви помогнат да се створи некоја нова навика или да се одвикнете од некои лоши, а мнопгумина се потпираат на претпоставката дека за тоа ќе ви бидат потребни 21 ден.

Оваа бреојка потекнува од многу популарна книга од 60-те години на минатиот век под назив “Психокибернетика“ на пластичниот хирург Максвел Малц кој забележал дека на неговите пациенти по операција во просек им требаат 21 ден за да се навикнат на новиот изглед. Но, по студијата спроведена во 2009 година е докажано дека времето за обликување на навики не може да се прецизира.

Научници од лондонскиот универзитет истражувале нови навики на 96 луѓе во период од 12 недели и откриле дека просечното време потребно за усвојување на нови навики всушност изнесува 66 дена. Истакнуваат дека индивидуалното усвојување на нови навики се движи во интервал од 18 до неверојатни 254 дена. Значи, ако сакате да усвоите некоја нова навика треба да поминат најмалку два месеци и не треба да очајувате ако тоа не ви успее за три недели затоа што за повеќето луѓе тоа едноставно не е возможно.

Како да се ослободите од лошите навики?

Се чини дека создавањето нови навики и одвикнувањето од старите се блиску поврзани процеси.

“Прекинувањето со старата навика навистина значи воспоставување на нова навика, нов силен одговор. Старата навика или образец на реагирање се уште е присутен затоа што станува збор за причина за реакција на невроните во мозокот, но станува помала и помалку доминантна“, објаснува психологот Тимоти Фил.

“Многу полесно е да почнеш да правиш нешто ново отколку да престанеш да правиш нешто на што си навикнал без заменска активност“, вели невронаучникот Елион Беркман. Тоа е една од причините зошто средствата за одвикнување од пушење како што се никотинските гуми за џвакање или инхалаторите обично се поефикасни отколку никотинските фластери.

Научницит се согласуваат дека не постои временска рамка за прекинување со некоја навика, но вистинскиот рецепт е спој на личноста, мотивацијата, околностите и типот на навиката од која сакаме да се ослободиме.

За навистина ефикасно да се одвикнете од нешто мора да размислите за тоа која е најсилната мотивација која ќе ве поттикне на промена. Размислете за “заменска активност“ но водете сметка таа да биде позитивна и бидете трпеливи. Колку што навиката е подолга, толку повеќе време ќе ви треба за да се одвикнете од неа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •