Ова се најиновативните земји во светот

- Advertisement -

Според најновиот индекс за иновации на Blооmberg, Германија е најиновативна земја во светот. После Германија следуваат Јужна Кореја, Сингапур, Швајцарија и Шведска, а меѓу првите десет се наоѓаат и Израел, Финска, Данска, САД и Франција.

Германија годинава го зазеде првото место откако Јужна Кореја шест години по ред суверено ја држеше челната позиција, а САД паднаа на деветто место. Од земјите од регионот на листата на Bloоmberg се наоѓаат Словенија на 21. место, Грција на 30. место, Бугарија на 41. место и Хрватска на 43. место.

- Advertisement -

„Иновациите се клучен двигател на растот и просперитетот. Кина направи напредок на листата, а САД назадуваа. Тоа јасно покажува дека без инвестиции во образование и истражување трговските тарифи нема да ја одржат американската економска предност, се вели во извештајот на Blооmberg.

Во годишниот извештај на Blооmberg за иновации се рангираат топ 60 иновативни земји и се оценуваат критериуми како трошоците за истражување и развој, производствената способност на компаниите и концентрацијата на високотехнолошки компании.

Сподели!
- Advertisement -