14 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Бали поставува иновативни бариери во реките за отпадот да не стигне до океанот!

Kabtel desktop

Бали поставува иновативни бариери за ѓубре во реките. Тие бариери имаат за цел да го ловат пластичниот отпад, односно пластичните кеси, пластичните чаши и шишиња и другите отпадни предмети оред да стигнат до морињата и океаните.

Бариерите се направени од мрежи направени од стари цевки, а отпадот кој го ловат се чисти секој ден. Потоа се мие, се мери и се испраќа на рециклирање.

Гери Бенхегиб го основал проектот Make a Change за да може да ги исчисти плажите во родниот остров од пластичниот отпад и да и помогне на владата да се справи со проблемот со загадувањето.

„Ако можеме да спречиме пластичниот отпад да стигне до океаните, ќе можеме да воспоставиме контрола врз проблемот пред да земе поголеми размери“ вели Гери.

Тој ги здружил силите со германскиот стартап Plastic Fischer, кој ги прави бариерите и сега лансираат онлајн платформа за проектот за чистење. Платформата користи вештачка интелигенција и систем за мапирање за во реално време да го следи загадувањето на реките.

Гери ќе и помогне на Индонезија до 2025 година да го намали пластичниот отпад кој доаѓа до океаните, за 70%. Тој се надева дека неговата платформа во иднина ќе се користи за да се следи загадувањето на сите реки во светот.

Десет од реките во светот носат 90% од отпадот кој допира до океаните, а секоја година во океаните завршуваат нови 8 милиони тони пластичен отпад.

Bali is putting innovative trash barriers in rivers

Saving our seas. 📕 Read more: https://wef.ch/38rnm9B #wef20 #howtosavetheplanet

Posted by World Economic Forum on Сабота, 18 јануари 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •