14 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Ова е најпродаваниот автомобил во светот – за една година продадени повеќе од 1 милион возила

Kabtel desktop

Додека Кина бележи најголема годишна продажба на возила со продадени 21 милион возила, најпродаваниот автомобил во светот минатата година е Toyota Corolla со 1.236.380 продадени возила.

Со тоа се потврди фактот дека возилата на фосилни горива уште си ја држат позицијата на пазарот. Најпрвин, затоа што најмоќните производители на такви автомобили забележале раст на продажбата на своите модели на фосилни горива. Вкупно на светскиот пазар во 2019 година биле продадени 65,5 милиони автомобили од сите видови, што е мал пад во однос на 68,16 милиони во 2018 година.

САД бележи 16,97 милиони продадени возила, што е за 300.000 помалку од 2018 година. Но, затоа Европа бележи 15,8 милиони продадени возила во однос на 15,62 милиони од 2018 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •