8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Huawei најде алтернатива за апликацијата Google Maps

Kabtel desktop

Кинескиот производител на телефони Huawei ќе сорабoтува со холандската компанија за дигитално мапирање TomTom на поставувањето мапи на своите телефони, а тие ќе бидат алтернатива за Google Maps.

Договорот меѓу двете компании неодамна беше склучен, но беше објавен на крајот на минатата седмица. Додека TomTom веќе има самостојни апликации на iOS и Android уредите, Huawei веќе работи на изградба на сопствена апликација за мапи, информации за сообраќај и навигациски алатки со помош на TomTom.

TomTom и претходно ги даваше своите податоци за Apple Maps, но наводно Apple продолжил да ги користи своите услуги после ремонтот на апликацијата. Претходно се појавија информации дека Нuawei гради сопствен систем за мапирање наречен Map Kit. Тој софтвер би бил наменет за програмерите на апликации и би можел да ги користи податоците на рускиот технолошки гигант Yandex.

Соработката со TomTom може да значи дека барем привремено Huawei се откажува од развојот на Map Kit или едноставно работи на својата технологија, но му треба краткотрајно решение.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!