Новата експозитура се наоѓа во Скопје, на ул. Македонија и работи 24 часа, секој ден од годината, објави Комерцијална банка на својата Фејсбук страница.
Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки. Во неа можете во кој било дел од денот да подигате или внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка.
Експозитурата нуди одличен комфор, постојано е под видео надзор и приспособена е за лица со посебни потреби. Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат и клиентите на другите домашни или странски банки.
Комерцијална банка ја отвори првата целосно дигитализирана експозитура
- Advertisement -
- Advertisement -