7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Корисниците на iPhone и Apple Watch наскоро ќе можат да ги користат наместо клуч за автомобил

Kabtel desktop

Сопствениците на iPhone и Apple Watch наскоро ќе можат да ги користат своите паметни уреди како клучеви за автомобил после надградбата на верзијата iOS 13.4. Кодот за iOS 13.4 содржи референци за CarKey API. Опцијата ќе им овозможи на корисниците со своите iPhone и Apple Watch да ги отклучуваат и да ги заклучуваат вратите на NFC компатибилни автомобили, како и да ги стартуваат автомобилите. Тие ќе може да се користат наместо клучеви дури и ако им се испразнат батериите и ако нема достапна интернет мрежа.

Процесот на спарување на паметните уреди со автомобилите ќе се прави преку апликацијата Apple Wallet, а потоа апликацијата на производителот на автомобилот ќе продолжи со подесувањето на поставките. Кога ќе се стави iPhone во близина на NFC читачот на автомобилот, CarKey ќе се појави во апликацијата Wallet app.

Опцијата CarKey ќе го олесни споделувањето на клучот за автомобилот со други луѓе така што преку апликацијата Wallet ќе им го дозволи пристапот на нивните iPhone и Apple Watch.

Технологијата не е нова, затоа што некои автомобили кои може да се купат веќе ја нудат опцијката за отклучување со смартфон. Сепак, процесот на поврзување на смартфонот и автомобилот е малку покомплициран.Со Apple CarKey системот го направи компанија која има безброј технолошки услуги кои се применуваат на различни автомобилски брендови и модели.

Apple преговара со повеќе производители на автомобили за имлементацијата на CarKey, но деталите за новата опција нема да бидат достапни додека не се наближи датумот на пуштање во употреба на iOS 13.4.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •