11.3 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

Apple ќе користи сопствена 5G антена за новите iPhone

Kabtel desktop

Се очекува дека Apple ќе ги претстави новите 5G iPhone телефони иднава есен, кои ќе го содржат модемот Qualcomm X55 поради договорот кој го склучија двете компании. Но, според новите податоци кои се појавија на интернет, Apple сака да ја намали својата зависност од Qualcomm и сака да дизајнира своја 5G антена/

Причината за тоа е дека според некои информации, антената QTM525 на Qualcomm е преголема за тенките модели на iPhone. Затоа Apple развива своја антена која ќе одговара на дизајнот на iPhone. Антените за mmWave технологија се многу битни со оглед на слабиот досег на ултрабрзата безжична технологија, а на 5G телефоните им требаат повеќе mmWave антени за да обезбат поголема конективност.

Иако уште не е сигурно дека Apple ќе направи своја 5G антена за телефоните од 2020 година, изворите велат дека компанијата, наводно, работи на два дизајни на телефони: едни потенки со антени на Apple и подебел модел со антена на Qualcomm.

Тоа што Apple, наводно, развива свој 5G систем е сосема логично затоа што договорот со Qualcomm е привремен.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •