-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Овој македонски тим креира иновативна платформа за електронско потпишување на документи!

Kabtel desktop

Notarised е дигитална blockchain платформа зад која стои фирмата „ДрВеб Солутионс“ основана 2018 година од Агон Фејза и Гентиан Елмази. Компанијата нуди услуги за развој и дизајн на веб апликации, како и дополнителни услуги за маркетинг и промоција. Создавањето на платформа Notarised се разви како резултат на барањето решение за постоечките проблеми со безбедноста на личните и другите тајни податоци. Гентиан Елмази, искусен blockchain програмер, во соработка со Агон Фејза, заедно го создадоа првиот прототип за платформата чија комерцијална промоција се очекува во првата половина на годинава.

За Notarised, идните планови и таргет пазарите за Иновативност зборуваат Елмази и Фејза.

Што поточно е платформата Notarised?

Елмази: Создавањето на платформа Notarised се разви како барање на решение за се уште постоечките проблеми со безбедноста на личните или другите тајни податоци. Notarised е децентрализирана платформа која овозможува електронско потпишување на сите документи, дигитализација и автоматизација на процесите во секојдневното работење на индивидуалци, бизниси и други институции и притоа овозможува автентикација и верификација на учесниците во процесите со користење на дигитален идентитет.

Дополнително оваа платформа нуди можност компаниите и другите институции да ги прилагодат процесите според нивните потреби. Преку платформата ќе може да се врши автоматска анализа на документи, комуникација со тимот во реално време, без разлика дали е со помош на видео емитување или преку пораки. Анализата на документите се однесува на изнаоѓање на поврзаноста на податоците и предлози како документот да се надополни.

Гентиан Елмази

Кој е бенефитот за клиентите кои ќе ја користат платформата?

Фејза: Идејата на Notarised, како апликација што овозможува да се потпишат и да се верификуваат било кој вид на документи, е да се добие поголема ефикасност во работата и да се скрати времето кое се губи во овие процеси. На овој начин клиентите добиваат можност да испратат документи, да креираат нови документи или шаблони за еднократно користење, во соработка со тимот во реално време. Notarised користи паметно потпишување што овозможува контрола со потпишувањето и протокот на документи од трети страни, овозможува дигитален идентитет и начин да се докажете дигиталниот идентитет, што гарантира интегритет на документите на клиентите.

Во изминатиот период Notarised беше претставено како идејно решение на неколку настани. Какви беа реакциите?

Фејза: Минатата година учествуваавме на Tech4Muni хакатонот организиран од UNDP и Општините Велес, Гостивар и Струмица. На овој настан Notarised и тимот беа едни од победничките проекти кои потпишаа договор со UNDP како партнер и општините Гостивар и Велес за имплементација на платформата во општините. Исто така го освоивме второто место на натпреварувањето за стартап бизниси, на блокчејн самитот во Малта.

Агон Фејза

На кои пазари планирате да ја пласирате оваа иновативна платформа?

Елмази: Тимот веќе работи првата комерцијална верзија на производот да се пласира на пазарот во првата половина на годинава. Примарен фокус како целна публика ни се компании во областа на логистиката, трговијата на големо и мало, здравството и индустријата, како и владините институции. Исто така, во целната публика, според работните позиции, ни се луѓето кои работат во одделите за човечки ресурси, правните служби, продажба и финансии. Во план ни е платформата да биде промовирана глобално, но примарен фокус ни се Германија, Швајцарија, Велика Британија, а потоа и Соединетите Американски Држави и азискиот пазар.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!