14 C
Skopje
вторник, јули 14, 2020

Ова се десетте најдобри Android апликации

Kabtel desktop

Има еден куп одлични Android апликации, но користа од нив зависи од навиките на луѓето што ги користат. Меѓутоа, ако ги барате најдобрите, еве десет апликации за Android кои ги има на речиси сите мобилни уреди и сите можат да ги користат. Веројатно веќе имате инсталирано дел од овие апликации, но доколку сте пропуштиле да инсталирате некоја од наведените, можеби ќе го смените мислењето кога ќе ги запознаете подобро.

1Weathe

Цена: бесплатна/1,99 долари

Weather е најдобрата апликација за временска прогноза. Има едноставен дизајн кој ви покажува моментално време, прогноза до 12 недели однапред, временски радар и други интересни статистики. Бесплатана верзија ги има сите опции, но со огласи, а на верзијата која чини 1,99 долари нема реклами.

Bouncer

Цена: 0,99 долари

Bouncer беше прогласена за најдобра апликација од Android Authority за 2018 година. Станува збор за безбедносна апликација која ви овоможува привремено одобрение за апликации. На пример, можете да користите Facebook кратко време за да се означите на некоја локација, а Bouncer ја оневозможува таа дозвола откако ќе го напуштите Facebook. Bouncer чини 0,99 долари.

Google Drive

Цена: бесплатна/од 1,99 до 299,99 долари месечно

Google Drive денес може да се користи како одлично решение за заштеда на до 15 гигабајти содржина. Можете да купите и повеќе простор за складирање. Google Drive е посебен затоа што содржи пакет Android апликации како Google документи, Google таблици, Google презентации, Google фотографии, Gmail, Google календар и Google Keep.

Google Maps и Waze

Цена: бесплатни

Google Maps со опцијата за навигација можеби е најдобрата Android апликација воопшто. Со честите ажурирања ви овозможува пристап до места кои се интересни, податоци за сообраќајот, насоки до некоја локација, дури и офлајн мапи. Ако на тоа ја додадете и Waze, нема да ви треба друга апликација за навигација.

Google Assistant / Google Feed / Google Search

Цена: бесплатни

Ова е една моќна апликација. Откако ќе ја преземете можете да го прашувате гласовниот асистент се што сакате, а поддржува и наредби како контролирање на светло. Освен тоа, има многу производи кои може да се поврзат со Google asistent.

LastPass Password Manager

Цена: бесплатна/12 долари годишно

LastPass е една од неопходните Android апликации. Тоа е менаџер со шифри кој ви овозможува да ги заштитите лозинките. Ви овозможува да генерирате лозинкки кои е речиси невозможно да се откријат. Можете да го инсталирате и LastPass Authenticator заради дополнителна сигурност.

Nova Launcher

Цена: бесплатна/4,99 долари

Nova Launcher важи за најпопуларна апликација од овој тип затоа што има најмногу визуелни опции, огромен број теми и пакети со икони. Можете да го подесувате изгледот на почетниот екран, листи со апликации, нотификации итн. Апликацијата е бесплатна сосе реклами, а верзијата без реклами чини 4,99 долари.

Podcast Addict

Цена: бесплатна/ 3,99 долари

Podcast Addict е една од Android апликациите која ви овозможува пристап до повеќе од 550.000 подкасти од различни категории. Podcast Addict има и вградени ефекти како брзина на репродукција, посилен звук или прескокнување на тишина. Ако ја сакате Podcast Addict без огласи, ќе мора да издвоите 3,99 долари.

Pulse SMS или Android Messages

Цена: бесплатни/ 10,99 долари/ 0,99 долари месечно

Има многу одлични СМС апликации, но две се над останатите – Pulse SMS и Android Messages. Pulse SMS нуди теми, GIF поддршка, кодирани разговори, црна листа за несакани пораки и многу други опции. Android Messages е малку поосновна, но едноставна и одлично ја врши работата.

Solid Explorer

Цена: бесплатна trial верзија/2,99 долари

Solid Explorer е најдобра за префрлање и спасување податоци на Dropbox, Google Drive и OneDrive, a е многу едноставна за употреба. Содржи Material Design, поддршка за архивирање, за најпопуларни услуги за работа во облак, па дури и поддршка за FTP, SFPT, WebDav и SMB / CIFS. Можете бесплатно да ја испробате 14 дена, а потоа чини 2,99 долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •