Google ќе инвестира 6,5 милиони долари во борбата против ширењето дезинформации за корона вирусот

- Advertisement -

Интернет пребарувачот Google соопшти дека поделил 6,5 милиони долари на организации ширум светот кои вршат проверка на факти бидејќи на интернет и понатаму се шират гласини и совети за корона вирусот кои се опасни по здравјето.

Големите дигитални платформи последните недели повторуваат дека се посветени на информации за корона вирусот и дека даваат поддршка на луѓето во карантин. Речиси половина од населението на Земјата е во карантин за да се стопира ширењето на пандемијата на КОВИД 19.

- Advertisement -

Претставникот на компанијата Google, Алексиос Манцарлис, изјави дека новинарите, аналитичарите и доброволците кои проверуваат факти во последно време имаат многу повеќе работа.

Facebook пред две недели соопшти дека влегува во партнерство со Меѓународната мрежа за проверка на податоци (IFCN) Институтот Поинтер, а на таа иницијатива се приклучи и агенцијата Франс прес. Таа соработка има на располагање буџет од милион долари за субвенционирање на проекти за посебна проверка на податоци за корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -