Maкедонија донесе Протокол за користење на крвната плазма во лекување на пациентите!

- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање дали ќе се користи крвната плазма за лекување на пациенти заразени со ковид-19 посочи дека е е изготвен протокол, но станува збор за третман за кој нема сериозни податоци.

Овие денови изготвен е протоколот од страна на специјалистите на Институтот за трансфузиона медицина. Тој треба да ги помине и официјалните процедури и во Агенцијата за лекови, меѓутоа тоа е процес на лекување кој не е индициран кај секого, нема сериозни податоци, освен публикации, дека може да се користи во дадени многу конкретни случаи и затоа кон тоа прашање постапуваме многу внимателно, рече министерот Венко Филипче.

- Advertisement -

Инаку, повеќе земји започнаа со користење на крвна плазма за пасивно да ги имунизираат пациентите заразени со новиот коронавирус. Третманот се изведува со земање плазма од пациент кој се опоравува од Ковид-19, и кој веќе е негативен за коронавирус.

Овој метод претходно се користеше за лекување на САРС (тежок акутен респираторен синдром, исто така предизвикан од коронавирус) и ебола.

- Advertisement -

Методот веќе се примени во Турција, се тестира во Франција, а и Србија најави скорешна примена на овој метод за своите пациенти.

Фото- commons.wikimedia.org

Сподели!
- Advertisement -