16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Идната година на Марс ќе пристигне хеликоптер

UAKS desktop

Крајот на јули и почетокот на август ќе бидат идеални за лансирање на летало кон Марс. Така, НАСА не дозволува ни пандемијата на корона вирусот да ја спречи во една од најбитните мисии досега – аамериканската вселенска агенција планира да го испрати хеликоптерот наречен „Ingenuity“ или „Генијалност“ на Марс. Освен хеликоптерот, до Марс ќе патува и роверот „Истрајност“ или „Perseverance“. Од НАСА велат дека ако ја одложат оваа мисија, ќе мора да чекаат уште две години за ново лансирање.

Повеќемесчниот пат на двете летала би требало да заврши во февруари 2021 година. НАСА го развивала хеликоптерот со години и поминал многу ригорозни тестирања за да се утврди дали може да ги преживее сите замки на Црвената планета како што се минусните температури, гравитацијата, густината на воздухот итн.

Хеликоптерот би требало да помогне во истражувањето на сите места кои се недостапни за роверот како што се карпите, кратерите и слично и во иднина ќе може да носи различни научни инструменти, но и да биде извидница за човечките и роботските истражувачи на Марс.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •