-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Отворена е бесплатна школа за планетата Земја

Kabtel desktop

Младинската и образовна иницијатива чија мисија е да шири идеи од наставниците и учениците ширум светот TED-Ed и UNEP во соработка со над 30 организации стартуваа „Школа за планетата Земја“. Станува збор за бесплатна платформа за образование од областа на животната средина, која е наменета за учители, родители, ученици и заинтересирани граѓани од целиот свет.

„Школата за планетата Земја“ им овозможува на учениците во период од 30 дена да доживеат авантури од светот на природата. Платформата содржи видеа, пишани материјали и активности кои ќе бидат преведени на 10 светски јазици и кои ќе им помогнат на учениците подобро да ја разберат животната средина. Платформата е бесплатно достапна на овој линк.

Според проценките на УНЕСКО, во моментот 1,5 милијарди ученици не одат на училиште поради вирусот КОВИД-19.Токму затоа UNEP, TED-Ed заедно со Светскиот монетарен фонд и УНЕСКО во рок од две недели ја направија платформата „Школа за планетата Земја“ за деца и млади на возраст од 5 до 18 години која опфаќа 30 училишни денови во периодот од Денот на планетата Земја и Светскиот ден на заштитата на животната средина (5 јуни).

TED-Ed ја направи платформата со помош на својата богата интерактивна библиотека која настана благодарение на повеќе од 500.000 учители од целиот свет. Сите материјали внимателно ги бирале експерти и сите се состојат од практични експерименти и откритија на природата.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!