14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Зошто да ја одберете Дифферент Академијата за IT професиналец?

Kabtel desktop


Дифферент 
е IT компанија која на пазарот во Македонија постои повеќе од 7 години. Позади себе има огромен број успешни проекти, како за македонскиот, така и за странскиот пазар. Главниот фокус на Дифферент е светот на IT индустријата односно, изработка на софтверски решенија, креирање веб страници, онлајн продавници, апликации, СЕО оптимизација, дигитален маркетинг, графички дизајн, видео продукција.

Пред неполни две години, Дифферент ја оформи и својата aкадемија, со една единствена цел, своето долгогодишно искуство и знаење да го пренесе на луѓе кои својата иднина ја гледaат во IT светот.

По што се разликува Дифферент Академијата од останатите академии?

#1 Работиме во мали групи од минимум 4, а максимум 8 студенти.

Зошто е ова важно и зошто токму оваа бројка?

За да се задржи концентрацијата и на секое лице кое има или нема некое предзнаење, му се посвети максимално внимание, сѐ со цел поголема едукација и знаење. Ова е број 1 правило во нашата академија.

Најчесто во секоја од академиите предавањата трааат од 2 до 3 школски часа.

Искуствено, учениците во секој од часовите поставуваат прашања. За да се постави едно конкструктивно прашање, потребни се 30 секунди до една минута. За да може менторот да го образложи, потребни се 1 до 5 минути. Тоа би значело дека 30 минути, секој час, најмалку се користи на дообјаснување. Замислете да сте во група од 15 или 20 ученици. Дали ќе имате доволно време да поставите прашање, а подоцна истото да биде одговорено?

Направете една проста математика, колку време би одземало од часот?

#2 Тука се поставува прашањето, зошто во некои други центри за неформално образование, академиите траат подолго и се многу поскапи?

Ова прашање е поврзано делумно и со она кажаното во #1. Доколку имате група која има 15 до 20 студенти, голем дел од предавањето се посветува на поставување и одговарање прашања. Времето за предавање се сведува на минимум. Во Дифферент Академијата на предавањата покажуваме како изгледаат работите во пракса и заеднички изработуваме проект. Теоретскиот дел го оставаме студентите дома да го прочитаат, а сè што е нејасно од прочитаното го вежбаме и објаснуваме на час. Менторите во нашата академија се достапни на студентите постојано, така што студентите имаат прилика при секоја потешкотија во поминување на теоријата или решавање на домашните задачи, веднаш да ги исконтактираат менторите и да го решат проблемот.

#3 Флексибилност во одредување на термините

Од причина што работиме во мали групи имаме можност да им оставиме простор на нашите студенти да го изберат идеалниот термин за нив. Отсуствувањето од час е скоро невозможно за нив, односно е сведено на минимум.

#4 Пристапни цени

Не работиме на принципот “збогати се преку ноќ”. Она што може да се прочита дома, им го оставаме на студентите да го прочитаат без ние да им наплатиме за истото. Со тоа го намалуваме бројот на теоретски часови, па сразмерно на тоа цената на чинење на нашите академии се намалува. Има многу талентирани лица кои не можат да си ги дозволат скапите академии и курсеви, па затоа нудиме достапни цени со можност за плаќање на рати без камата! Секако достапна е и опцијата за плаќање онлајн на нашата веб страна, каде што можете да уплатите и со кредитна картичка.

#5 Имаме исклучително добро одбрани ментори!

Сите ментори во Дифферент се со минимум искуство од 8 години, а најголем дел се со 15+. Студентите кои завршиле кај нас, не се во можност да станат ментори по завршувањето на академијата, како што е пример во некои други центри за неформално образование. Искуството на менторите и умешноста на пренесување на знаењето е клучен предуслов да се стане дел од нашата академија. Како дополнителна предност е и моментот што нашите ментори и по завршувањето на курсевите и академиите се достапни за студентите, особено при процесот на вработување. Сите студенти имаат можност да видат како изгледа процесот на вработување за она што го изучувале и да ги подготват нашите ментори за истото.

#6 Изминатата година во Дифферент Академијата се запишаа 160 студенти, од кои 31 од нив веќе се вработени, додека 37 најдоа пракса.

Во моментов имаме отворено уписи за летните академии и курсеви. Повеќе информации можете да добиете на нашата веб страница https://academy.different.com.mk/mk/ , на нашите телефони 076/336-666 и 078/399-947 или пак на contact@different.com.mk. Нашите ментори ви се на располагање да ви помогнат да ја пронајдете вистинската професија за вас!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •