Ковид 19 може да остави без работа 20.000 лица во Македонија!

- Advertisement -

Од 4 до 20 илјади луѓе би останале без работа само во туристичката дејност во Македонија доколку пандемијата трае до крајот на оваа година. Доколку кризата заврши следниот месец би можело да се загубат од 2 до 12 илјади работни места. Ова се двете сценарија во анализата во која учествувале сите стопански комори во земјава.

Денес Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива ги претстави клучните наоди од Студијата за ефектите врз приватниот сектор – туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од COVID-19 пандемијата со препораки за справување со економските последици.

За постигнување на целта на студијата, направена беше анализа на секторот туризам и угостителство, спроведена е анкета со компании и интервјуа со претставници на секторот, користени се статистички податоци и беа спроведени истражувања за меѓународните искуства поврзани со справување со оваа криза како и мерките кои се преземени во земјата, а се однесуваат на секторот. Во студијата, на основа на спроведените истражувања дадени се препораки – краткорочни и долгорочни мерки за справување со кризата од COVID-19.

- Advertisement -

„Во услови кога ситуацијата за туризмот е многу болна и сложена, тешко е да замислиме дека една мерка може да ги компензира последиците од пандемијата COVID-19, пред се заради обемот на проблеми кои произлегоа и веќе се зголемуваат и навлегуваме во еден критичен период за кој ќе биде неопходен нов сет од економски мерки. За да се обезбеди економски опстанок и враќање во нормалана на компаниите од туристичко-угостителскиот сектор, но и да се одржи рамнотежа помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот потребно е прилагодување на пакетот мерки, но и условите за нивно користење, особено во делот на времетраењето на помошта, висината на кредитите кои треба да постигнат ликвидност кај компаниите, ослободувањето од давачки како придонеси и други оптоварувања кои нема како да бидат покриени без економска активност, како и сите други давачки на кои државата не може да смета доколку компаниите немаат економска активност“ истакна експертот Кристијан Џамбазовски, коавтор на студијата.

Ако очекувањата беа во 2020 да оствариме близу 500 милиони долари по основ на туристички промет, сега може да очекуваме помалку од 250 милиони и тоа под услов кризата да заврши веднаш“, изјави тој.

- Advertisement -

Но, не е ислучено и второто сценарио кое предвидува пад на туризмот од дури 80%. Речиси сите компании се изјасниле дека ќе им треба повеќе од половина година да се вратат во нормала.

„88 проценти од испитаниците одговориле дека последиците од кризата ќе имаат големо влијание врз ликвидноста на компаниите. До август-септември има масовно откажување на сите закажани аранжмани“, потврди Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

- Advertisement -

Од туристичкиот сектор до Владата предлагаат да се продолжи субвеницонирањето на плата од 14.500 и за јуни, работодавачите да бидат ослободни од обврската да исплатат К-15, а добиените бескаматни кредити да почнат да ги враќаат од следната година.

Фото – commons.wikimedia

Сподели!
- Advertisement -