Oд денес работи Зоолошката со нови правила

- Advertisement -

Скопската зоолошка градина од утре повторно ќе биде отворена за посетителите, но под одредени услови кои ги наложуваат препораките за превенција на новиот коронавирус.

Зоолошката градина ќе биде отворена од 9 часот, a посетителите при влез ќе треба да носат маска или марама. Ред ќе се чека на обележана дистанца од 1,5 м метар. Потоа, строго е забрането хранење и доближување до животните, а отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Покрај ова, не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта и низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.

- Advertisement -

„Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината. Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките“, велат од ЗОО Скопје.

Сподели!
- Advertisement -