22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Британска студентка создаде биопластика која се распаѓа за само 6 недели

Kabtel desktop

Британска студентка создаде биопластика која се распаѓа за само 6 недели. Пластиката е направена од отпадоци од риби, односно од крлушки и од алги. Овој нејзин изум ја доби наградата James Dyson Award за дизајн минатата година.

„Ги држев крлушките во рака и едноставно знаев дека во нив има скриен потенцијал. Беа флексибилни, но истовремено отпорни и цврсти. Си помислив дека природата може да направи толку многу речиси од ништо, па зошто нам би ни биле потребни стотици вештачки направени полимери кога се што ни треба се наоѓа во природата“ вели студентката Луси Хјуз.

Биопластиката се вика Marina Tex. Оваа пластика не испушта токсини во животната средина. Кесата направена од ваква пластика ќе биде поцврста од стандардна пластична кеса, па дури може и да се јаде.

23-годината Луси Хјуз студирала дизајн на производи на Универзитетот Сасекс. Проектот го почнала со цел да најде начин за справување со отпадот од рибарството, кое произведува околу 50 милиони тони отпад годишно.

Луси успеала да ги соедини крлушките од рибите со состојки од алги и од членконоги. После повеќе од 100 експерименти, конечно ја нашла вистинската формула. За да се произведе оваа биопластика потребно е многу малку енергија, а кога повеќе нема да ви биде потребна може да ја ставите во компост и да ја разложите.

На глобално ниво во светот годишно се произведуваат 300 милиони тони пластика, која ја загадува животната средина, им наштетува на животните и навлегува во нашиот синџир на исхрана. Луси се надева дека нејзиниот изум Marina Tex ќе замени најголем дел од пластиката за еднократна употреба која ја користиме денес. Таа ја користи нејзината награда од 39.000 долари за уште повеќе да го развие изумот и да направи стратегија за масовно производство.

(фото: MarinaTex)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •