- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,69% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 26.05.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 0,50 денар/литар и ќе изнeсуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 57,00 ден/лит, за ЕУРОСУПЕР БС-98 59,00 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ 49,00 ден/лит.
- Advertisement -
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво како и во одлуката од 26.05.2020 година и ќе изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг и ќе изнесува 23,260 ден/кг.
- Advertisement -