21 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

ЕВН: Од 15 aприл броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки

Kabtel desktop

ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и Здравствените власти за да се спречи ширењето на корона вирусот според кои во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа. Околу 200 000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо.  Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира.

Од 15 април веќе почнаа да се отчитуваат броилата и во месец мај корисниците добија порамнети сметки. Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки. Сите корисници кои доставија состојби за корекција добија корегирани сметки. Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка. Се разбира секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка. Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •