15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Apple повторни ги затвора продавниците во САД поради корона вирусот

Kabtel desktop

Откако повeќе од два месеци целиот свет беше во карантин поради корона вирусот, ситуацијата почна да се поправа. Децата се вратија во градинките и во училиштата, дел од вработените во своите канцеларии, се отворија продавниците и кафулињата, а луѓето се опуштија и се обидуваат да се вратат на нормалниот живот од пред корона вирусот.

Но, како што предупредуваа епидемиолозите и експертите, вирусот и понатаму е меѓу нас и постои можност за негово ширење, што почна да се случува во многу земји.

Еден од знаците за подобрување на ситуацијата во САД беше отворањето на продавниците на Apple во САД, каде што се разбира дека беа преземени потребните епидемиолошки мерки, но луѓето можеа да разгледуваат уреди, да ги носат на сервис и да купуваат. При отворањето на продавниците објавија дека ако повторно дојде до влошување на ситуацијата, повторно превентивно ќе ги затворат продавниците.

Бидејќи вирусот повторно почна да се шири меѓу поголем број луѓе, особено во некои сојузни американски држави, од компанијата на Тим Кук неделава најавија дека во тие држави повторнo ќе бидат затворени продавниците. Тоа го објаснија како мерка на претпазливост, со напомена дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата со корона вирусот и кога ќе се поправи, повторно ќе ги отворат продавниците. Apple има вкупно 510 продавници ширум светот, од кои 271 се во САД.

(Zimo, CNN)

(фото: )

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!