26 C
Skopje
сабота, јули 11, 2020

Ова е првата куќа во светот која истовремено е и соларна јахта

Kabtel desktop

Компанијата ARKUP ја направи првата соларна јахта во светот која е голема колку една куќа и ја нуди сета удобност на еден луксузен дом на вода. Ова е идната генерација пловечки домови.

Опремена е со електричен мотор и четири хидраулични дигалки со помош на кои може да се подигне над водата и да биде стабилно закотвена. Оваа луксузна куќа на вода со површина поголема од 410 квадратни метри целосно се напојува со соларна енергија.

Јахтата ја собира дождовната вода и ја користи за миење и бањање. На јахтата има резервоар од околу 15.000 литри за чиста вода и исто толкав за отпадна вода. Соларните панели со површина од околу 220 квадратни метри имаат капацитет од 36 киловат-часови.

Прозорците на јахтата се отпорни на удари и може да издржи ветришта со брзина од околу 250 км на час. Јахтата ARКUP ја направиле двајца француски инженери, Деруен и Арно Лиге. Нивната крајна цел е да се креира одржлив модел на дом на вода, да развијат пловечки населби и да склучат партнерство со хотели на острови за изградба на еколошки бунгалови.

„Ние сакаме да дизајнираме мали станови за студенти и цели куќи за семејства. Сакаме да создадеме домови за пошироката јавност. Тоа е визијата на ARKUP“ велат француските инженери.

Јахтата има приземје и еден кат со три спални соби и три целосно опремени бањи на првиот кат и два балкони. На приземјето има дневна соба, кујна, трпезарија, две бањи и една мала соба која може да се користи како канцеларија или како гостинска соба.

Од вкупно 400 квадратни метри, околу 250 квадратни метри се внатрешен простор, а останатите 160 квадратни метри се еден вид палуба или двор.

(Miami Herald)

(фото: ARKUP)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •