26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Осум одлични трикови како да го „читате“ говорот на телото

Kabtel desktop

Говорот на телото ни дава огромна количина информации за тоа што навистина мислат луѓето во даден момент, но се разбира, ако знаете да го „читате“. А кој не сака да може да дознае што се сокрива во нечија глава? Луѓето природно примаат многу повеќе сигнали на телото отколку што сме свесни. Едно истражување на Универзитетот на Калифорнија откри дека само 7% од комуникацијата меѓу луѓето се базира на зборовите што се изговараат, 38% на тонот на гласот, а останатите 55% на говорот на телото.

Организацицијата TalentSmart тестираше повеќе од 1 милион луѓе. Тестирањата покажаа дека многу од нив можат да ги прочитаат неизговорените сигнали во комуникацијата. Затоа, наредниот пат кога ќе имате деловен состанок или со партнер, внимавајте на следните знаци:

1.Прекрстените раце и нозе значат одбивање на вашите идеи. Тоа е физичка бариера која значи дека другата личност не го прима отворено тоа што го кажувате. Дури и ако се смешкаат и изгледаат како да уживаат во разговорот, нивното тело кажува друго.

2. Кога насмевката е искрена, се брчкаат и очите. Кога станува збор за смеењето, устата може да лаже, но очите не. Насмевките кои се вистински ги брчкаат очите. 

3. Копирањето на вашиот говор на телото е добар знак. Сте биле ли на состанок каде што некој ги прави речиси истите движења како вас? Тоа вообичаено е добар знак и е нешто што го правиме несвесно кога чувствуваме силна поврзаност со другата страна.

4. Држењето на телото исто така раскажува приказна. Некогаш луѓето кои влегуваат во соба со самиот став покажуваат дека се главни. Тоа главно се должи на говорот на телото. Мозокот е програмиран да ја поистоветува моќта со просторот што го заземаме околу нас . 

5. Очи кои лажат. Нашите родители, баби и дедовци знаат многу убаво дека не можете да го издржите на себе погледот ако сте виновни за нешто или лажете.

6. Подигнати веѓи значат неудобност. Има три емоции поради кои ги креваме веѓите: изненадување, грижа и страв. 

7. Претераното климање со главата значи загриженост. Кога некому раскажувате нешто и тие претерано климаат со главата, тоа значи дека се загрижени или се сомневаат дали да инвестираат внимание и време во тоа што го кажувате.

8. Стегнатата вилица значи стрес. Ова е знак на неудобност. Разговорот може да навлегол во некоја тема која е непријатна за соговорниците или можеби се фокусираат на нешто што ги вознемирува.

(TalentSmart)

(фото: Pikist)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •