26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Нова мобилна апликација „TitanUp” – модерна и ефикасна услуга за купувачите на УСЈЕ

Kabtel desktop

Унапредување и модернизација, брза и ефикасна услуга во процесот на испорака на производите се дополнителни можности што ги нуди новата мобилна апликација „TitanUp”, која Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја креираше за сите свои купувачи. „TitanUp” апликацијата овозможува нарачките да се реализираат без физички контакт со што купувачите заштедуваат време.

Преку новата мобилна апликација која е достапна на Андроид и ИОС, како и преку интернет страницата на компанијата www.usje.com.mk, корисницците ќе имаат брз и 24-часовен пристап за нарачки, следење на процесот и статусот на испорака, како и проверка на финансиските и материјалните податоци поврзани со нарачките. Освен тоа апликацијата нуди и историски преглед на претходните нарачки, со што е овозможено лесно и едноставно планирање.

„Наша цел е модернизација на нашите услуги со што ќе го зголемиме задоволството на нашите купувачи, но истовремено ќе воведеме нови повисоки стандарди во работењето што ќе го направат целокупниот процес поефикасен и ќе донесат нов развој. Покрај тоа ние постојано се трудиме да го подигнеме нивото на безбедност во сите сегменти од нашиот работен процес, а со оваа апликација им овозможуваме на нашите купувачи да работат непречено и во овие услови кога важат посебни мерки за физичка дистанца за да го спречиме натамошното ширење на вирусот Ковид 19. Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на нови услуги и на подигнувањето на стандардите во нашето работење, бидејќи искрено веруваме дека само општествено одговорна компанија може да биде успешна“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.

Со цел компанијата да придонесе кон заштитата на животната средина со намалување на отпадот од амбалажа, продолжува со техничка поддршка на погоните за готов бетон, овозможувајќи користење на силосите за складирање на цемент без надомест.

Мобилната апликација „TitanUp” дополнително ќе се развива и унапредува и во следниот период. За да ја подобри услугата, УСЈЕ ќе ги земе предвид сите сугестии и забелешки од корисниците и истата ќе биде адаптирана согласно нивните потреби.

УСЈЕ и досега во континуитет ги зема предвид предлозите на корисниците. Последното истражување на задоволството од услугите на компанијата во кое учествуваа 140 корисници, покажа дека тие се задоволни и сметаат дека УСЈЕ е висококвалитетен производител на цемент, кој нуди врвна услуга и близок однос со своите купувачи во насока на успешна соработка.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •