Прва филмска проекција на велешкото „драјв ин“ кино од отворен карактер

- Advertisement -

На 4 јули со почеток во 20 и 30 часот ќе се отвори првото велешко „драјв ин“ кино од отворен карактер во земјава.  Во организација на „Транспарент Фјучр“, киното ќе се отвори со ДЈ сет.

Од организацијата известуваат дека киното од отворен карактер е идеја на млада група на ентузијасти кои сакаат да организираат настани од општествен и хуманитарен карактер и да придонесат можности младите да го разубават своето место на живеење без потреба на политичка активност.

- Advertisement -

Киното ќе започне со проекцијата на филмот „Collide“ која  најавена за 22 часот. Цена на влезницата е 150 денари, а од организацијата соопштуваат дека собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Извор – Радио МОФ

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -