Денес се отвора Лувр, се очекуваат по 10.000 посетители дневно

- Advertisement -

Денес повторно се отвора музејот Лувр во Париз, но со одредени ограничувања поради епидемијата на коронавирус. Некои делови од најпосетуваниот музејски комплекс на светот сепак ќе бидат затворени за посетителите.

Лувр беше затворен на 13 март, поради што музејот забележа загуби од над 40 милиони евра, изјави директорот на музејот, Жан-Лук Мартинез. „Во најдобар случај, ќе имаме од 20 до 30 проценти од посетителите во однос на бројот што го имавме минатото лето, што е помеѓу 4.000 и 10.000 на ден“, рече тој.

- Advertisement -

Од 10 милиони посетители во 2018 година, скоро три четвртини се странски туристи, пренесува РФИ.

(Канал 5 телевизија)

Сподели!
- Advertisement -