Мате Римац и неговиот тим од Rimac Automobili прават се побрзи, подобри и понапредни верзии на нивните електрични супер автомобили, кои се полни со напредна електроника и способноста на самите автомобили се става во втор план.
Иако C_Two уште не е официјално пристигнат на пазарот, од Rimac Automobili малку по малку откриваат што можат да очекуваат возачите од автомобилите. Една од работите кои може да ги очеквуаат е пријатен разговор со автомобилите.
Како што открија од Rimac Automobili за Top Gear, благодарение на вештачката интелигенција, C_Two ќе може да разговара зо возачот. Автомобилот ќе му каже се што треба, како најдобро да се искористат сите негови опции, а во иднина ќе ги научи возачите како да бидат се подобри во возењето.
Саша Дракиќ, директор на одделот за автономија во Rimac Automobili, откри и дека вештачката интелигенција би требало да му помогне на возачот да научи да вози по тркачки стази и притоа да го искористи максимумот од автомобилот.
Покрај вештачката интелигенција, C_Two ќе биде опремен со 9 камери, LIDAR, радар и 12 ултрасонични сензори, кои своите податоци ќе ги испраќаат до мал суперкомпјутер кој ќе се наоѓа во самиот автомобил. Тоа значи дека секој час ќе се собираат по околу 6 терабајти податови, кои треба да се обработат и да се анаизираат, а за тоа се задолжени алгорисмите развиени во Rimаc и NVIDIА Drive Pegasus платформа за суперкомпјутер.
Dnevnik.hr)
(фото: Rimac Automobili)